28 май, 2016

Овци паселе марихуана, па потоа тероризирале село во Велс

Публикуваме текста без превод, за по-голяма автентичност.



Жителите на селото Ридипанди во Велс последните неколку дена живееле во страв од едно стадо овци.

Овците почнале чудно да се однесуваат, истрчувале пред автомобили, влегувале во дворови, па дури и во куќи. Една овца влегла во една спална соба и успеала да направи тотален хаос.Претседателот на локалната заедница Jоан Ричард повикал полиција откако жителите почнале да се жалат на однесувањето на овците. Набрзо дознале дека во близина на селото се наоѓа напуштена илегална фарма за марихуана. Овците паселе од марихуаната, која кај нив поттикнала агресивно однесување. Марихуаната е сега отстранета, но нема докази дека овците повторно не паселе од неа пред да биде искорната.

„Се плашам што може да се случи ако овците ја изедат целата марихуана, сигурно ќе се однесуваат уште поагресивно“, вели загрижениот Ричард за Метро.

Оригиналната статия (на английски)